Се огласи Вучиќ: „Ве молам, ве преколнувам како татко – не ја рушете Србија…“

Претседателот на Србија, Александар Вучуч, на Инстаграм ги објави најновите настани во Србија.

Почитувани граѓани, денес е добар ден за нашата земја. Во Чачак е отворена нова фабрика, а за само 48 часа ќе го отвориме и новиот автопат до Пожега, на радост на сите граѓани во нашата убава Србија – изјави претседателот на почетокот.

„За жал, има такви што не ја сакаат Србија. Ги има и надвор, но ги има и во нашата земја. Тие одлучија да ви го загорчат животот. Решија да ви го блокираат одењето на работа, да ви го блокираат нормалниот живот, да ви го блокираат чувството на слобода во сопствената земја, во сопствените домови, на вашето работно место. Закажале целосни блокади во неколку градови, вклучително и Белград, утре во раните утрински часови.

Јас ги молам, не само како претседател на републиката, не само како човек кој го добил најголемото доверие од граѓаните – ги молам како обичен човек: да не го прават тоа, да се вразумат, да не ја мразат толку својата земја. Да сфатат дека тоа се тешки кривични дела и спротивни на законот за безбедност во сообраќајот, спротивни на уставните норми за слобода на движење.

Ние не сакаме да реагираме. Едноставно избегнуваме употреба на сила. Сакаме да дозволиме сè – слобода на собирање, на изразување, апсолутно сè – но државата не може и не смее да дозволи ваков вид насилство, затоа што тогаш веќе не е држава, тогаш државата престанува да постои“ – истакна Вучиќ, а потоа заклучи:

„Затоа ве молам уште еднаш – размислете, вразумете се, ве молам како Бога! За сите други луѓе, Србија е држава – сериозна и одговорна. Така ќе биде и утре, и секој нареден ден!“

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.