Министерот за здравство, Арбен Таравари, е во стабилна здравствена состојба и се наоѓа дома, потврдија денеска од Министерството за здравство. Според информациите, министерот се чувствува добро и одмара по вчерашниот колапс.
Арбен Таравари итно хоспитализиран: Доживеав ненадеен колапс
„Министерот е во добра состојба, дома е и се опоравува. Вчера беше подложен на низа медицински прегледи, вклучувајќи неуролошки и кардиолошки испитувања, како и рендгенски снимки. Сите анализи покажаа дека неговото здравје е во ред. Причината за инцидентот е премор“, изјавија од Министерството за здравство.
По инцидентот, на социјалните мрежи беше објавено дека Таравари доживеал ненадеен колапс, што предизвика шпекулации за срцев удар. Сепак, од Министерството ја демантираа оваа информација, нагласувајќи дека станува збор за премор.