По затворањето на центарот “Ранка Милановиќ“, Министерството за труд и социјална политика отвори два помали домови за децата кои имаат потреба од интензивна поддршка.
Има само два дома посветени за оваа категорија на деца, еден во Радишани и еден во Визбегово. Во овие два дома живеат само 6 деца.
Децата се на возраст од 14 до 18 години. Тука ќе следат наставно – едукативен процес, но и други дневни активности.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска рече дека во овие домови децата ќе се чувствуваат како дома.
Виолета Мазеска, директорка на домот во Визбегово рече дека овие деца не се деца со кривични дела. Додава дека ќе ги имаат сите услови и се едуцираат како и сите други.
Есберт Ерисојн од УНИЦЕФ кој што е поддржувач на ваквиот начин на функционирање, смета дека деинституционализацијата на овие институции е важен чекор и е дел од процесот на трансформирање каде децата ќе избегнат опасни ситуации и ќе имаат безбедна иднина.