Се подготвува средба меѓу Трамп и Путин!

Дмитриј Песков. портпаролот на Кремљ соопшти дека има свест дека средбата меѓу американскиот и рускиот претседател мора да се случи, а подготовките се во тек.

-Постои разбирање дека мора да се одржи, и има разбирање дека мора добро да се подготви. Тоа е ставот на двајцата претседатели, прецизира тој.

Тој додаде дека се уште нема конкретни детали за нивната средба, но таа дефинитивно мора да се случи. Според него, подготовката е веќе започната.

-Во моментов во тек е постепено спроведување на тие договори кои беа склучени на преговорите на делегациите во Ријад, прецизира тој.

Притоа, тој изјави дека засега нема планови за телефонски разговор меѓу двајцата претседатели, но тие планови може да се сменат за да се решат одредени клучни прашања.

Што се однесува до соработката со САД, Песков наведува дека руската страна е заинтересирана за реализација на многу заеднички проекти.

-Навистина остануваме заинтересирани за реализација на проекти за економска соработка во широк опсег на области, додаде тој.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното