Македонија

Се подготвуваат Бадниковите поворки, најголемата, свечена бадникова манифестација

Низ улиците на сите градови во Македонија ќе се одржи манифестацијата „Бадникови поворки” како дел од прославата на Бадник и Божик. Во поворките учествуваат деца кои ја пејат Божикната песна со што ќе го најават Христовото раѓање.

Околу 100-тина деца од Куманово ќе учествуваат на третата по ред бадникова поворка. Во текот на оваа недела направени се макети на пештера и витлеемските ѕвездички кои децата ќе носат во поворката. Неделава ќе се одржи последната проба на петти јануари во 13 часот во Соборниот Храм Свети Никола, каде децата ќе ја пеат песната Вечниот Бог.

Поворката ќе почне на 6 јануари со почеток во 9:30  од Соборниот Храм, ќе поминат низ централните градски улици и неколку правни субјекти и ќе ја посетат  општина Куманово како и претходните години, пеејќи ја песната Вечниот Бог.

И Охрид е подготвен за Бадниковата поворка. На градскиот плоштад вчера беше поставена Бадникова пештера. Тие тргнуваат од црквата Св. Ѓоргиј , поминуваат нис централните градски улици и ка крај одат на молитва и Бадникова трпеза во црквата “Света Богородица Каменско”.

Поворката за навестување на Христовото раѓање по вторпат ќе се одржи и во Штип. Манифестацијата ќе се одржи во недела во 10 часот во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип, а ќе продолжи на Градскиот плоштад „Слобода“. На оваа бадникова поворка може да дојдат сите заинтересирани деца.

Бадниковата поворка во Делчево на 6-ти јануари ќе тргне од 10 часот од храмот „Успение на Пресвета Богородица“ и истата ќе се движи до параклисот „Свети Kлимент“ и пак враќање до старата црква, каде децата ке бидат пречекани и ќе им бидат поделени Божиќни подароци.

Свештенството при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од Делчево може да земат сите заинтересирани дечиња како и повозрасни граѓани.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни