Македонија

Се појави нова бомба во која наводно се слуша гласот на Мицкоски: Се борам ова СЈО да не помине…

Во јавноста се појави нова „бомба“ наводно се слушаат гласовите меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, и Зоран Милевски – Кичеец.

Во неа наводно се слуша гласот на Мицкоски како вели: „Се борам сам ова СЈО да не помине, автоматски и неговиот предмет, тој „Империја“, се слуша во гласот, и се мисли на предметот во кој обвинет беше Орце Камчев.

Во вториот разговор наводно гласот на Мицкоски вели дека е единствен кој се бори со сите случаи, а гласот кој наводно е на Кичеец му одговора: „Реално, во вас се сите џокери“.

„Да, ама знаеш, ова делува малку мазохистички. Ем ме тепаат, ем имаат очеквуања од мене“, наводно вели Мицкоски.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни