Се повлекуваат гумени бонбони: Луѓето пријавуваат халуцинации и повраќање

Пријавените симптоми вклучуваат нешто како напади, анксиозност, поспаност или губење на свеста и брз пулс.

Два вида гумени бонбони се повлечени од австралискиот пазар откако неколку лица завршија во болница.

Тие пријавиле симптоми како што се „вознемирувачки халуцинации“ и „постојано повраќање“.

Граѓаните се предупредени да не јадат гумени печурки произведени од Uncle Frog’s, по извештаите дека потрошувачите „доживеале неочекувана токсичност“, според Би-би-си.

Пријавените симптоми вклучуваат активност слична на напади, анксиозност, поспаност или губење на свеста и забрзан пулс.

Имаше случаи на хоспитализација низ целата земја. Властите сега истражуваат кои состојки се во овие бонбони.

Во Нов Јужен Велс се регистрирани дури пет случаи.

„Истрагите се во тек за тоа што содржат овие производи. Силно препорачуваме луѓето да не ги консумираат“, рече директорот на Информативниот центар на Нов Јужен Велс, д-р Дарен Робертс во изјавата во средата.

Веб-страницата на Uncle Frog’s е привремено затворена.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното