„Во огромен број на случаи мора да кажам дека граѓаните, пациентите даваат податоци, и во однос на контактите, и во однос на тоа каде се случил тој собир, на некој начин признаваат дека сепак не се придржувале на препораките кои преку Комисијата за заразни болести и министерството за здравство ги носи Владата“, порача министерот Венко ФИлипче во „Клик Плус“ на ТВ21.
Тој додава дека има и голем број на граѓани кои не соработуваат.
„Но има има и голем број граѓани кои не соработуваат. На терен со проблеми се соочуваат епидемиолозите. Прават интервју на заразен, и за контактите кои ги имал заразениот ниту дава точно име и презиме, ниту точен телефонски број ниту пак точна адреса, и на тој начин сме оневозможени да стигнеме до вистинските контакти, оние кои можат да се носители на вирусот и во овој момент ја шират болеста и тоа е сериозен проблем“, посочи министерот Филипче.
.