Поради денешниот одрон на карпа на патот Градско – Велес, кај поранешната Хемиска индустрија ХИВ, екипи на ЈП „Македонија пат“ од велешката подружница се на терен и интервенираат за расчистување на патот.
– Нашата екипа излезе со машина скип-багер и веќе работи на отстранување на паднатата карпа и повторно оспособување на сообраќајницата – изјави за МИА Ристе Коџобашиев, раководител на велешката подружница на ЈП „Македонија пат“.
Според него, одронот е предизвикан од обилните врнежи од дожд и нестабилноста на теренот на овој дел од патот.
