ПОСЛЕДНАТА епизода од серијата Никита, која беше голем хит кон крајот на деведесеттите, беше снимена пред 22 години. Иако актерката Пета Вилсон немаше позначајни улоги после тоа, Никита ја обезбеди нејзината планетарна популарност.
Таа доби армија обожаватели и многу познати момчиња се обидоа да ја освојат, меѓу кои Расел Кроу и Мик Џегер. Таа еднаш раскажа дека во 2002 година во Москва на меѓународниот филмски фестивал Владимир Путин се обидел да ја заведе со дијамантски ѓердан.
Во меѓувреме го доби синот Марлоу со британскиот режисер Демијан Харис, со кој беше во врска пет години. Од 2004 до 2007 година беше со актерот Ден Вили, а неколку месеци со актерот Арон Џефри. Не е познато дали моментално има партнер.
Денес, овој 52-годишник води мирен живот далеку од очите на јавноста. Иако остана препознатлива по русата коса и продорен поглед, Пета со годините прилично се промени, но не се двоуми да објави фотографии во природна форма и без шминка.
