Турската актерка Мерјем Узерли (40) блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во четвртокот.
На денот на отворањето, таа носеше шарен фустан, припиен до кожа. Фустанот имаше длабоко деколте и беше украсен со блескави детали. Со фустанот искомбинирала едноставно ланче, а косата ја собрала во ниско опавче.
Вториот ден таа на фестивалот облече долг црн фустан на кој имаше и блескави детали.
Мерием се прослави со улогата на Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, која се емитуваше од 2011 до 2014 година. Тогаш црвенокосата актерка ги освои срцата на публиката, а до ден денес изгледа речиси непрепознатливо.
Таа денес има руса коса, а многумина шпекулираат дека направила козметички зафати.
Инаку, актерката се повлече од актерството по „Сулејман“. Од крајот на снимањето на серијата, таа стана мајка на две девојчиња.