Се шири трогателно видео: Девојка во засолниште запеа Let it go и ги воодушеви сите

Конфликтите во Украина влегоа во 12-ти ден, а уплашените граѓани поминаа уште една ноќ во прифатилишта. На социјалните мрежи се шири видео снимено во едно од засолништата, каде со семејството е русокоса девојка. Додека сите молчеа заробени во своите мисли, таа ја отпеа песната Let it go од цртаниот Frozen.

Додека пееше, возрасните немо ја слушаа. Четири милиони луѓе досега го погледнале видеото на Твитер.

Се проценува дека повеќе од 1,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина во соседните земји од почетокот на конфликтот.

Индекс.хр