Се судрија „Пежо“ и возило на МВР, повеќемина повредени - 4NEWS.mk
Поврзи се

Македонија

Се судрија „Пежо“ и возило на МВР, повеќемина повредени

Вчера попладне на раскрсницата од булеварот “Јане Сандански“ и улицата “Васко Карангелевски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолксваген Поло“ сопственост на МВР, а управувано од М.Г.(28) и патничко моторно возило “Пежо“ со скопски регистерски таблици управувано од Г.С.(37) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле возачите и сопатниците од двете возила и истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде им е пружена медицинска помош.

Од страна на увидна екипа од СВР Скопје извршен е увид на местото на настанот а за незгодата известен е Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди кој превзема мерки од нивна надлежност.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com