Врховниот суд ја уважи вонредната ревизија и ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе одлука со која се укинува пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување.
Одлуката е донесена на седницата одржана на 9 септември 2026 година, по предметот КВП2-86/25, во јавноста познат како предметот за автобуската несреќа кај селото Ласкарци.
Врховниот суд ја уважи барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено од осудените преку нивните бранители.
Со одлуката се укинува пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-979/24 од 17 април 2025 година, а предметот се враќа на повторно постапување и одлучување.
Одлуката доаѓа по повеќегодишниот судски процес за една од најтешките сообраќајни трагедии во земјава.
Случајот се однесува на автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а десетици други беа повредени.
Со последната одлука на Врховниот суд, правосилната пресуда не останува на сила и предметот повторно ќе се разгледува пред надлежниот суд.
По повеќе години судење – случајот за Ласкарци повторно се враќа на почеток.