Балкан

Се урна турски авион во Хрватска, пронајдено телото на пилотот!

Се урна турски авион во Хрватска, пронајдено телото на пилотот!

Во градот Криви Пут, недалеку од Сењ во Хрватска, се урна турски авион „Ертрактор“.

Полициската управа Лика-Сењ потврди дека авион со турски ознаки исчезнал од радарот во 16:53 часот.

„Авионот е пронајден. Испратени се пожарникари, сега ќе пристигнат Агенцијата за истрага на несреќи и сите други служби“, изјави Давор Спевец од Цивилната заштита.

Пожарот е изгаснат, неофицијално се дознава дека телото на пилотот е пронајдено.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни