Свет

Се урна зграда во Каиро: Најмалку 10 лица загинаа

Се урна зграда во Каиро: Најмалку 10 лица загинаа

Десет лица загинаа, а осум се повредени денеска кога се урна зграда во главниот град на Египет, објавија државните медиуми.

Амбулантни возила беа испратени на местото на настанот во работничкиот кварт Кердаса во Гиза. Таму тимови за цивилна заштита трагаат по исчезнатите под урнатините, пишува Ал-Ахбар Ал-Јум.

Очевидци изјавија за весникот дека колапсот бил предизвикан од „експлозија на плинска боца“ и дека истрагата на полицијата е во тек.

Градежните прописи нерамномерно се применуваат и се спроведуваат во Каиро, дом на повеќе од 26 милиони жители.

Во изминатите години во египетската метропола се забележани неколку фатални уривања на згради, во некои случаи поради дотраената состојба на некои од нив, а во други поради непочитување на градежните прописи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни