Македонија

Се уште гори меѓу Студеничани и Зелениково, вкупно активни 5 пожари

Се уште гори меѓу Студеничани и Зелениково, вкупно активни 5 пожари

На ден 28/29.08.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 5 се активни, 1 е под контрола, а 25 се изгаснати.

Активни пожари – 5:
Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (Општина Студеничани) и кракот кон с. Палиград, во правец на Преслап (Општина Зелениково), мешана шума;
Општина Сарај – с. Копаница, со проширување кон с. Радуша, ниска вегетација и шума;
Општина Чашка – над с. Нежилово, м.в. Сватови, ниска вегетација и единечни дрва;
Општина Јегуновце – с. Копанце, мешана шума;
Општина Прилеп – с. Црнилиште, ниска вегетација и шума.

Пожар под контрола – 1:
Општините Гостивар и Македонски Брод – с. Трново (Општина Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод), нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Изгаснати пожари – 25:
Општина Бутел – бул. „Македонска бригада“, ниска вегетација;
Општина Бутел – с. Љуботен, ѓубре;
Општина Сарај – с. Паничари, нискостеблеста вегетација;
Општина Струмица – с. Банско, дива депонија;
Општина Струмица – с. Баница, ниска вегетација;
Општина Струмица – с. Куклиш, депонија и ниска вегетација;
Општина Василево – с. Чанаклија, дворно место;
Општина Василево – с. Моноспитово, ниска вегетација;
Општина Охрид – селата Велмеј и Брежани, ниска вегетација;
Општина Пласница – с. Дворци, дива депонија;
Општина Македонски Брод – с. Девич, ниска вегетација;
Општина Прилеп – над Касарната во Прилеп, дива депонија и ниска вегетација;
Општина Прилеп – кај Старите гробишта во Прилеп, ниска вегетација;
Општина Прилеп – атарот на с. Смолани, ниска вегетација;
Општина Крушево – селата Норово и Алданци, ниска вегетација;
Општина Берово – с. Будинарци, нискостеблеста вегетација;
Општина Делчево – с. Црквенец, ниска вегетација;
Општина Делчево – депонија, ѓубре;
Општина Штип – во близина на ТППЕ Штип, мини депонија;
Општина Штип – кај супермаркетот „Елкос“, м.в. Диви градби, депонија;
Општина Брвеница – с. Милетино, стрниште;
Општина Тетово – с. Мала Речица, ниска вегетација;
Општина Тетово – с. Фалише, ниска вегетација;
Општина Теарце – с. Непроштено, дива депонија;
Општина Гостивар – с. Лопушник и с. Беловиште, ѓубре и шума.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни