„Се вратив“: Карлеуша повторно е активна на социјалната мрежа!

Еве што кажа пејачката после се.

Пејачката Јелена Карлеуша денеска на својот Фејсбук профил објави дека се вратила на социјалната мрежа на која долго време не била активна.

Јелена уште во 2019 година беше суспендирана од социјалната мрежа Твитер (моментално „Х“), каде со години го кажуваше своето мислење за жешките теми и уживаше во комуникацијата со публиката преку тој канал.

По суспензијата, Карлеуша повторно го отвори профилот за промоција на новите албуми „Алфа“ и „Омега“, но не остана на платформата, туку најмногу се огласуваше на својот Инстаграм профил кој неодамна беше затворен и не се знае дали и кога ќе биде обновен, а сега повторно е активна на социјалната мрежа Х.

– Се вратив на Х – напиша Карлеуша.

-Исчезнувањето на мојот Инстаграм профил од таа мрежа беше ударна вест на СИТЕ електронски медиуми во регионот. Не е шега – рече таа.

Да потсетиме, кога се појави петицијата за затворање на Инстаграм на Јелена Карлеуша, ја поддржаа многу нејзини колеги, но не и Милица Павловиќ, која Јелена поради тоа ја избриша од списокот на пријатели.

-Ми испратија скриншот од многу блиската и неразделна сестра на Милица Павловиќ која споделува петиција на својот Инстаграм да го затвори мојот Инстаграм профил. Мислев дека можеби не се блиски додека не се уверив во спротивното. Оти како да ти кажам, на сестра ми би ѝ ја скинала главата ако обеси такво нешто, не за Милица, туку за било кој пејач, затоа што тоа влијае на неговиот леб, на неговиот интегритет, на неговата работа, на правото да зборува. Тоа го прават само бедниците. Милица не и рекла на сестра си да ја избрише срамната петиција – напишала Карлеуша во официјалното соопштение, додека Милица не коментирала ништо на оваа тема.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното