Македонија

Се забранува извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно – укината царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината.

Се забранува извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно – укината царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината.

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил пишува дека се забранува извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно, а укината е и царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината.

„На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на масло за јадење од сончоглед.
Владата донесе Одлука да се ограничи извозот на:
– пченица и наполица и брашно од пченица и наполица и
– огревно дрво и пелети“, пишува Бектеши.

Тој додава дека, исто така на предлог на Министерството за економија, со консултација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата повторно донесе одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење поради потребата да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни