Македонија

Се запали камион на ЈП „Комунална хигиена“ – пожарна на терен

Се запали камион на ЈП „Комунална хигиена“ – пожарна на терен

Попладнево, во скопската населба Автокоманда се запали камион на јавното претпријатие „Комунална Хигиена“.

Пожарот е изгаснат од страна на противпожарната бригада, која излегла на терен со 9 пожарникари (3 ПП возила) кои спречиле поголема штета.

Од таму велат дека се работело на комплексна интервенција.

„Камионот е грајфер кој што е товарен со картони, неговата шапа е заглавена, во моментот не е во функција. Се потрудивме и го локализиравме пожарот“, вели припадник на пожарна Скопје.

Тој додава дека засега е рано да се каже како настанал пожарот.

Повредени лица нема.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни