Македонија

Се запалил автобус со работници во Крушево

Автобус кој превезувал работници се запалил вчера во Крушево, соопшти МВР.

„На 14.11.2022 во 16.00 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на ул.„Илинденска” во Крушево настанал пожар на автобус „сетра” со крушевски регистарски ознаки, сопственост на превозно претпријатие од Крушево, со кој се превезувале работници на приватна фирма. Увид извршиле екипи на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево и ОВР Прилеп и било констатирано дека пожарот настанал во пределот на моторот“, велат од полицијата.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Крушево, а повредени лица нема.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни