Македонија

Се затвора автопатот Велес – Скопје!

Се затвора автопатот Велес – Скопје!

Состојбата на патиштата низ земјата ескалира. Наместо смирување, во овој момент пристигнуваат информации за целосна блокада на една од клучните сообраќајни артерии во Македонија.

Затворена патарината кај Велес!

Според последните информации, од 09:16 часот, сообраќајот на наплатната станица Отовица, на патниот правец Велес – Скопје, е целосно затворен за сите видови возила.

Оваа радикална мерка е донесена со цел да им се овозможи на екипите да го расчистат снегот кој веќе предизвика заглавување на камиони и опасност за возачите.

Нема информации до кога ќе трае овој прекин, а колоните веќе се километарски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни