Рускиот енергетски гигант Газпром денеска објави дека од 1 јануари ќе го прекине извозот на гас во Молдавија поради неподмирениот долг на земјата, објави денеска Ројтерс.
Како што е соопштено, компанијата го задржува правото да преземе какви било активности, вклучително и раскинување на договорот за набавка со Молдавија.
Русија преку Украина ја снабдува Молдавија со околу две милијарди кубни метри гас годишно.