Македонија

Се зголемува бројот на случаи од говор на омраза, 49 пријавени, сè уште се постапува по нив

Говорот на омраза се зголемува,  а претседателските избори се еден од клучните фактори. Политичките партии и нивните подржувачи се најголеми  потикнувачи на говорот на омраза, вели Џабир Дерала од невладината организација Цивил. Тој додава дека секој ден во нивната организација пристигнуваат околу десетина  пријави за говор на омраза и лажни вести.

„Еден дел од политичката јавност едноставно нема други средства освен говор на омраза лажни вести, за пропаганда, повик на насилство за да може да дојде до одредени цели. Тоа е една контаминирачка активност кој опфаќа голем број на граѓанки и граѓани кој што ги засега. Тоа е една јавна комуникација која е неприфатлива и законски не дозволена .Но со години гледаме отсуство на реакција на надлежните институции“, рече Џабир Дерала, претседател на невладината организација ЦИВИЛ.

До министерството за внатрешни работи има пристигнато 49 пријави на говор на омраза. Некои од нив се уште немаат епилог.

„Во текот на 2018 година Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика има примено 49 пријави за говор на омраза, односно во врска со основи на сомнение на сторено кривично дело чл.144 „Загрозување на сигурност“ и чл.394-г „Ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем“ од Кривичниот закон. Некои од овие пријави се завршени, а по некои се уште се постапува“ – МВР.

МВР ги повикува сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат за вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица.

РЕПОРТЕРКА: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни