Интересот за студирање во странство се зголемува од година во година. Ена Поповска е стипендиран студент дипломирана во Солун, а на магистерски студии по технолошки менаџмент во , Малезија, каде е студенски Амбасадор за регионот на Балканот. На нејзиниот Универзитет 60% од студентите се од странство. Критериумите за да се биде студент на овој Универзиетет кој е најпопуларен во Азија е просек над 8 и солидно познавање на англиски јазик. Ако треба да направи споредба на образовниот систем во нашата земја и таму, еве што ќе ви каже:
-Додипломски и постдипломски студии следат британски едукативен систем. Тоа значи дека 70% е практичен дел, а 30% е теорија. Има семинарски проекти што се реализираат на база на индустрија. Доаѓаат професори од индустријата и го пренесуват своето знаење-вели Ена Поповска, техонолошки менаџер.
На Ена воопшто не и било тешко да се адаптира во оваа далечна земја за нас во секоја смисла. Во Малезија има многу култури и националности, тоа создава еден микс од култури, обичаи, традиции, што ја прави земјата уште поинтересна. А самиот град каде престојува и студира Куала Лумпур , важи за студентски град.
– Куала Лумпур и Малезија се поволни за студентски живот. Отприлика месечните трошици се до 500 долари. Со тоа се покриени исхрана, киријата и патни трошоци-вели Поповска.
Во Малезија раскажува таа е имаат многу низок процентот на невработеноста скоро 0%. Двапати годишно на факултетот доаѓаат околу 150 компании кои им нудат работа на студентите. Самиот факултет има рејтинг на вработување 90% веднаш по завршувањето на студиите или мастерски. Ена би се вработила таму или во некоја друга странска фирма, но не би се вратила во Македонија. Интересот кај оние што студираат во странство, а ги има околу 200 стипендирани годишно, е најголем за медицинските и технолошките науки.
-Најмногу студираат во Европа, во Италија, во Германија, во Франција, Малезија сега Азија им е омилена дестинација, затоа што нуди малку поинакви услови и е малку поегзотично, но тоа сеако не го намалува степенот на студирање, бидејќи е еден од најдобрите Универзитети во светот-рече Јелена Димовска.
Ако до пред некоја година имало 1000 заинтересирани за студирање во странство, сега веќе бројката достигнува над 3000. Образованието во најефтините Универзитети во Европа годишно е 1200 евра, а најскапите околу 100 000 евра. Во сабота со почеток во 10 часот во Холидеи Ин ќе пр исуствуват повеќе од 20 претставници од различни Универзитети ширум светот, каде идните студенти ќе можат да се информираат за условите и критеримите.