Седмото лице кое е опфатено во истрагата за несреќата на автобусот кај Ласкарци, е она кое дало потврда дека тахографот е исправен, а притоа истрагата покажала дека на него бил инсталиран уред за манипулација. Тој не е во притвор, но врз него се изречени мерки на претпазливост.
„Ова седмо лице е лишено од слобода, исто како и шесте осомничени и се наоѓаат во полициска станица во Скопје. Во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред судија. Обвинителството ќе даде предлог за мерка притвот против шесте осомничени, а за седмото ќе предложи мерки на претпазливост“, истакна Рајчев.