Седум кандидати се пријавиле на конкурсот на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите за две места за технички експерти за постојана поддршка. На денешната седница Комисијата ќе спроведе интервјуа со седуммината кандидати. На предлог на комисијата Емил Димитриев, членовите едногласно одлучија интервјуата да се спроведуваат без присуство на јавноста, односно медиумите. По спроведувањето на интервјуата кандидатите ќе одат на безбедносна проверка, а нивниот избор, како што рече Димитриев, ќе се направи по завршувањето на изборите.