Руска софтверска компанија поканила седумгодишно момче да му се придружи на нивниот тим штом ќе наполни доволно за да се вработи.
Сергеј од Санкт Петербург стана познат затоа што од петгодишна возраст објавуваше видеа во кои објаснува како се пишува код за софтвер.
Поради ова, компанијата за ИТ безбедност Pro32 му испратила понуда за работа, за позицијата раководител на корпоративна обука.
Според руските закони, Сергеј не може да се вработи додека не наполни 14 години.
Извршниот директор на Pro32, Игор Мандик, изјави за Би-Би-Си дека разговарал со родителите на Сергеј за да најдат начин да работат заедно додека момчето не наполни 14 години.
„Неговиот татко Кирил беше изненаден и рече дека со нетрпение го чекаат моментот кога Сергеј ќе може да се приклучи на компанијата“, додаде тој.
„Моцарт кој пишува кодови“
Во видеата Сергеј е секогаш расположен и насмеан.
Зборувајќи на руски, а понекогаш и на малку слаб англиски, тој ги објаснува предизвиците на кодирањето чекор по чекор.
Неговиот YouTube канал има повеќе од 3.500 следбеници, заинтересирани за учење на програмските јазици Python и Junit или оние кои сакаат да слушнат повеќе за невронските мрежи, кои се основата на вештачката интелигенција.
Мандиќ рече дека Сергеј покажал не само извонредни вештини како програмер, туку и „уникатни“ способности за предавање.
„За мене тој е еден вид Моцарт“
„Апсолутно сум сигурен дека кога ќе наполни 14 години, ќе биде одличен учител и научник, и затоа навистина со нетрпение очекуваме да работиме заедно“, вели тој за малиот програмски вундеркинд.
Според Мандиќ, од Сергеј не можат да учат само програмерите, туку и продавачите и економистите.
Платата се уште не е договорена, со оглед на тоа што најверојатно ќе се менува со текот на времето.
Треба да почекаме седум години, а потоа дефинитивно ќе разговараме за платата“, изјави Мандиќ.