Седуммина признаа вина за насилните протести пред Собранието – само еден вели дека не го сторил тоа

Од осумте обвинети за настаните пред Собранието, седум признаа вина пред Кривичниот суд. Дел од нив посочија дека се каат за тоа што се случува. Само еден кажа дека не го сторил кривичното дело.

Обвинетиот Младен Ристовски кој е во куќен притвор, кажа дека не сакал да го стори кривичното дело. Со него, во салата беше присутно и неговото семејство. Тој е редовен студент. Призна вина пред судијката. Славчо Симоновски, единствениот кој е во ефективен притвор во затворот „Скопје во Шутка“ е неженет и осудуван, со завршено средно образование.

Се вчитува...

Бојан Стефановски од Радишани кој има 18 години и е четврта година средно во економско правно училиште, исто така призна дека е виновен за настаните пред Собранието. Никола Михаиловски кој е неосудуван и со средно образование и има 22 години, исто така кажа дека чувствува вина. Виктор Стојков, кој учи во скопското средно угостителско и е во куќен притвор, а има 18 години посочи дека чувствува вина.

Антонијо Величковски кој е во куќен притвор, а по професија е физеотерапевт и има завршено факултет, е единствениот кој не призна вина. Тој има 30 години и е татко на малолетно дете. Нему ќе му се суди во посебна постапка. 19-годишниот Штефан Шуман кој е во куќен притвор, има завршено средно. Тој призна вина пред судот.

Обвинителката Наташа Сарамандова кажа дека ги гони за учество во толпа. Тие фрлале со тврди предмети кон Собранието, ја оштетиле оградата, но по вредиле и полицајци.