По лидерската средба во Клубот за пратеници, во изјава за медиуми премиерот Христијан Мицкоски речедека приоритет во моментот е да се обезбеди законско решение кое ќе овозможи почеток на проектот „Safe City“ (Безбеден град).
„Ова што за мене претставува моментално акутно и за кое треба во најскоро време да се најде решение, мислам дека денес на состанокот успеавме да најдеме компромис, тоа е Законот за прекршоците, за да може ‘Safe City’ или ‘Безбеден град’ да започне да функционира од први февруари оваа година, како што е планирано со носењето на тој закон“, изјави Мицкоски.
Тој потсети дека станува збор за закон кој се носи со двотретинско мнозинство.
