Некои луѓе се родени да бидат лидери, да прават големи, радикални промени и да истраат во своите одлуки дури и кога постигнувањето изгледа невозможно. Хороскопот одредува бројни карактеристики на личноста, а астролозите тврдат дека овие три знаци се родени за да бидат први и да донесат големи промени во општеството.
Овен
Кога натпреварувачките Овни сакаат нешто, нема сила што ќе ги спречи да го добијат. Тие никогаш не се откажуваат од своите цели без разлика колку е тешко и колку препреки имаат на патот. Овните се родени да бидат лидери затоа што освен што ги краси челична волја, знаат да го разликуваат важното од неважното.
Девица
Иако многумина ги обвинуваат дека се премногу ситни и ги детализираат Девиците, предноста е што тие секогаш го анализираат проблемот додека не го најдат најдоброто решение. Никогаш не носат импулсивни одлуки и затоа нивните стратегии се успешни. Без разлика која е нивната сфера на интерес: технологија, екологија или човекова природа, нивните потези носат големи промени.
Водолија
Сонувачите кои често живеат во светот на имагинацијата имаат одлична карактеристика секогаш да бараат нови работи. Промените им се секојдневни и подготвени се без никаков страв да се соочат со сите проблеми. Тие гледаат на ситуациите од сите агли и никогаш не носат површни одлуки. Колку и да изгледа кревка Водолија некогаш, ништо не може да ја скрши.
