Македонија

Секретаријатот за спроведување на Рамковен веќе не постои, Атила Реџепи на чело на новото министерство?

Со двотретинско мнозинство Собранието ги усвои двата закона кои предвидуваат трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Претходно, претседателот на Собранието, Талат Џафери, го одложи гласањето бидејќи немаше 2/3 мнозинство.

По ова, координаторите на парламентарните групи на СДСМ и ДУИ, почнаа да ги бараат пратениците за да дојдат во салата, за да се обезбеди 80 гласа.

Во законодавниот дом дојде и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Координаторите на парламентарните групи ги обезбедија бројките и Претседателот на Собранието го стави новото министерство на гласање. Пратениците со 80 глас ЗА, ниту еден ПРОТИВ, го изгласаа предлогот на Владата.

Формирањето на новото министерство, вицепремиерот Бујар Османи го поздрави преку фејсбук.

-Претставува невообичаено унапредување на овој ресор од административно-техничка услуга во министерство со сите ексклузивни надлежности за спроведување на законите кои произлегуваат од Рамковниот Договор. – напиша Османи.

Доверливи извори на ТВ21 тврдат дека со ова Министерство ќе раководи Атила Реџепи, генерален секретар на ДУИ. Сепак, од оваа партија не ги потврдуваат овие информации.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни