Македонија

Секретарка во основно училиште во Куманово не доаѓала два дена на работа, па после си вметнала непостоечка документација за да се оправда

Секретарка во основно училиште во Куманово не доаѓала два дена на работа, па после си вметнала непостоечка документација за да се оправда
Фото: 4news.mk

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Б.(50) од Куманово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавената, во својство на секретар во општинско основно училиште во Куманово, била отсутна од работа од 05.03.2025 до 07.03.2025, а подоцна вметнала непостоечка документација во деловодникот на училиштето за да го прикрие нејзиното неоправдано отсуство од работа. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни