28 ноември, двa национални празника , Денот на албанското национално знаме и Декларацијата за независност. Ова е историски датум за сите Албанци каде и да се, па драги сонародници, Јас ве поканувам на овој голем ден за да го прославиме со достоинство и гордост.
Нашето црвено и црно знаме со таква долга и славна историја, понекогаш болна, е единствениот симбол што не обедини како нација, без оглед на географскиот обем, идеолошки поделби и одвојување на границите меѓу нас.
Посакувам нашето национално знаме, покрај албанската држава, да се користи слободно и без предрасуди во други области каде што живеат Албанци, без ограничувања, презир и омраза кон другите.., соопшти со честитки претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
