Семејствата на убиените деца и домарот Драган Влаховиќ во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград објавија дека ќе поднесат иницијатива до Министерството за правда за ревидирање на границата за кривична одговорност од 14 на 12 години. Иницијативата предвидува измени на Кривичниот законик и Законот за малолетни сторители на кривични дела и кривична заштита.
Во изјавата, семејствата наведуваат дека покрај намалувањето на границата за кривична одговорност, бараат воведување одговорност на родителите за тешки кривични дела извршени од нивните деца, како и укинување на забраната помлади возрасни (18–21 година) да добијат доживотен затвор, со можност за изрекување на максимална казна во согласност со биопсихолошката зрелост и околностите на делото.
„Возрасната граница за кривична одговорност беше поставена во друго време, кога децата растеа во значително различни услови. Денес децата созреваат порано, се изложени на насилство и во дигиталниот и во реалниот простор, а најалармантно е што насилството добива сè побрутални форми“, се наведува во соопштението.
Според семејствата, со намалувањето на границата на 12 години за сериозни кривични дела со елементи на насилство, Србија би испратила јасна превентивна порака дека бруталното однесување нема да остане несанкционирано.
Исто така, тие потенцираат дека воведувањето кривична одговорност на родителите е клучно, бидејќи без доследна примена на законот и јасни превентивни механизми, одговорноста за последиците останува дифузна, што го поттикнува насилството и создава чувство на неказнивост.
Читај и ова:
- 1.Дубаи „хистеријата“ сега е многу повеќе од чоколада
- 2.Ава Карабатиќ се сели во Швајцарија, планира да работи како негувателка во дом за стари лица
- 3.Синот го истепал својот татко во Кисела Вода, оштетил дел од покуќнината!
- 4.ВИДЕО Еве кои се лицата кои го оставија празниот куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
- 5.Американски шпионски авион го обиколи Калининград