5 месечниот Куштрим во моментов не го чувствува недостигот од елементарни услови за живот, но за неколку дена ќе остане без храна.
Млекото кое му го обезбедија родителите е доволно за само неколку дена но од сега натаму тој нема да има што да јаде. Во оваа единствена соба живее тричленото семејство Лима во општина Теарце. Од оваа сиромаштија најзасегнати се сопружниците Хабиби и Санија.
„Само кров над главата да имам за ова дете. Под кирија сме, колку пати не имаат бркано бидејќи сме немале да платиме. И бремена кога бев во зима немав да платам и на мајка ми и беше жал па дојде и ме зема. Кога бевме под кирија, молевме за леб, многу пати имаме останато на улица. Ве молам да ни помогнете. Изгубивме надеж ама барем ова дете да не остане на улица. Шест години веќе немам видено никакво добро“, изјави Саније Сулејмани – мајка на Куштрим.
Меѓу овие ѕидови кои се речиси урнати нема основни услови за живот. Ова семејство не прима ниту социјална помош.
„Да живееш како домазет е многу тешко бидејќи и тие немаат добри услови. Бевме под кирија, немав ни леб да јадам. Не се живее со 700 денари, да јадеш или да платиш сметки, за мене киријата е голем проблем“, изјави Хабиб Лима – татко на Куштрим.
Бабата на Хабиб вели дека најлошо е да го гледаш зетот дома бидејќи како што вели, и тие живеат во лоши услови.
„Најлошо е вака да ги гледаш децата. Од населба ми кажаа дека талкаат од стан во стан, решив да отидам и ги донесов тука. Верувам и ти имаш дете, да не си ми во кожа“, изјави Макфирете Сулејмани – баба на Куштрим.
Маките за семејството Лима ќе продолжат и натаму се додека хуманите луѓе не му помогнат на ова тричлено семејство.
Сите заинтересирани кои сакаат да му помогнат на ова семејство можат да ги контактираат на овој телефонски број: +389 71 615 557
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ