Свет

Сергеј Лавров: Русија ќе се откаже од ракетите со среден и краток дострел

Сергеј Лавров: Русија ќе се откаже од ракетите со среден и краток дострел

Русија ќе мора да се откаже од унилатералниот мораториум за распоредување ракети со среден и краток дострел, бидејќи тоа е неодржливо, рече рускиот министер за надворешни работи, цитиран од Ројтерс.

Лавров ова го изјави во интервју објавено денеска за новинската агенција РИА Новости.

„Ситуацијата ја оценуваме врз основа на анализата на дестабилизирачките дејствија на САД и НАТО во стратешката сфера и соодветно на еволуцијата на заканите што тие ги претставуваат“, посочи рускиот министер.

„Денес е јасно, на пример, дека нашиот мораториум за распоредување на ракети со краток и среден дострел е веќе практично неостварлив и ќе мора да се напушти. САД арогантно ги игнорираа предупредувањата на Русија и Кина и всушност распоредија такво оружје во различни региони во светот“, рече и Лавров.

САД се повлекоа од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел во 2019 година, потсетува Ројтерс. Русија по повлекувањето на САД изјави дека нема да има такви ракети доколку Вашингтон ги нема.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни