Серија дојави за бомби во училишта низ Бугарија

Голем број дојави за поставени бомби пристигнаа во образовни институции во неколку градови низ Бугарија, објавија бугарските медиуми. Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Бугарија, дојавите биле испратени по електронска пошта и на бројот за итни случаи 112, соопштија од бугарското МВР за ТВ Нова.

Меѓу погодените градови се Стара Загора, Враца, Варна, Перник и Софија. Веднаш по добивањето на дојавите, полицијата испратила специјални тимови за проверки на локациите.

Учениците се евакуирани од училиштата како мерка за претпазливост, а истрагата е во тек. Властите продолжуваат со проверките и преземање на соодветни безбедносни мерки.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното