Сериозен проблем со небезбедна храна во Македонија – откриени 300 тони, предупредува Миланов

Во текот на своето гостување во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, посочи дека во земјава постои сериозен проблем со небезбедна храна, при што досега биле откриени околу 300 тони.

„Вкупно се откриени околу 300 тона небезбедна храна поради неусогласености или недоследности на истата таа храна. Станува збор за кондиторски производи, млечни, сувомеснати, преработена храна, за природни минерални води, мед, овошје, зеленчук“, порача Миланов.

Миланов вели дека има места каде што храната се чуваа во несоодветни услови.

„Кога ќе биде пуштена во промет, во однос на храната која треба да биде термички да биде обработена или чувана, или во магацин кој е пријавен од нивна страна, а е складирана во друг простор каде нема термички режим на работа, на таков вид наидуваме многу на терен“, истакна Миланов.

Директорот на АХВ кажа дека бил запрепастен од она што го затекнале инспекторите на терен во Охрид, Струга, Преспа и Дојран.

„Тоа што го видов во овие места беше запрепастувачки. Имаше многу нерегистрирани оператори, откривме 8,8 тони небезбедна храна“, истакна Миланов.

Оливер Милано се пожали дека Агенцијата за храна и ветеринарство се соочува со недостаток на инспектори, што го отежнува спроведувањето на редовните контроли на безбедноста на храната.

„Во пензија лани отидоа десетина инспектор, оваа година одат 18. Недостасуваат најмалку 25 инспектори“, вели Миланов.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното