Македонија

Сестра Илијана си замина: Марков манастир остана без монахињи

Сестра Илијана си замина: Марков манастир остана без монахињи

Сестра Илијана, долгогодишна игуманија на Марковиот манастир кај Маркова Река, ја соблече монашката облека и замина од МПЦ-ОА, објави порталот „Религија.мк“. Со нејзиното заминување, монашкото сестринство во манастирот повеќе не постои.

Читатели на порталот со месеци укажувале дека таа не е присутна во манастирот, а веста сега е потврдена и од Македонската православна црква, која само кусо изјави дека станува збор за „лична одлука“. Не се соопштува дали ѝ се одземени монашките чинови.

Неофицијално, сестра Илијана сега работи во приватна фирма. Таа беше една од клучните фигури во обнова на духовниот живот во манастирот, особено по 2002 година, кога неколку монаси го напуштија манастирот и преминаа во тогашната ПОА на Зоран Вранишковски.

На местото игумен, неофицијално е назначен јеромонахот Атанасиј – поранешен член на ПОА, кој се врати во редовите на МПЦ-ОА во 2011 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни