Свет

Севернокорејските војници во Русија првпат „сурфаа“, се знае што најмногу гледале

Севернокорејските војници во Русија првпат „сурфаа“, се знае што најмногу гледале

Севернокорејските војници кои беа испратени во Русија за да помогнат во руската агресија врз Украина, првпат имаат пристап до интернет, а го користат главно за гледање филмови за возрасни, пишува британскиот весник Дејли Мејл.

Илјадници војници од Северна Кореја се распоредени во Русија за да и помогнат на војската на рускиот претседател Владимир Путин во борбата против Украина.

Но, пред трупите на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун да тргнат на фронтот за да се соочат со силите на Киев, се чини дека прво мора да се соочат со друг „непријател“, со кој ние во развиениот свет веќе ни е познат, Интернетот.

Извештајот на колумнистот на Financial Times, Гидеон Рахман, откри дека војниците на Ким Џонг Ун во касарната го поминуваат поголемиот дел од своето време гледајќи порно филмови, бидејќи никогаш немале пристап до Интернет.

Портпаролот на американското Министерство за одбрана, мајорот Чарли Диец, рече дека не може да потврди какви било севернокорејски интернет навики во Русија и дека предметот треба да биде препратен до Москва.

„Во моментов, нашиот фокус останува на поддршка на Украина и решавање на поважни регионални безбедносни прашања“, рече тој.

Иако пристапот до Интернет во Северна Кореја е достапен за високи владини функционери, на повеќето граѓани им е дозволено само да ја користат државната мрежа Kwangmyeong, која не дозволува пристап до странски страници.

Во интервју за јужнокорејската телевизија КБС, украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави дека украинската армија се судрила со мала група севернокорејски војници во близина на руската граница.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го критикуваше недостатокот на одговор на Западот на вмешаноста на Северна Кореја и рече дека првите битки со Северна Кореја отвораат ново поглавје на нестабилност во светот.

Руските војници заробени во Курск зборуваа за тешкотиите што ги имале во комуникацијата со Севернокорејците.

Во едно видео, руски заробеник вели дека неговата единица била во шумата со десет севернокорејски војници за да копа ровови, но во еден момент „војниците од Пјонгјанг почнале да пукаат кон Русите“.

„За време на нападот, Корејците почнаа да пукаат во нас. Се обидовме да им објасниме во кој правец да нишанеме, но мислам дека убија двајца наши војници“, изјави заробениот руски војник, додавајќи дека потоа решил да им се предаде на украинските сили.

Севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи минатата недела вети дека Пјонгјанг ќе стои на страната на Русија до нејзината победа во Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни