Институтот за јавно здравство го потвртди првиот смртен случај од сезонскиот грип. Битката со болеста ја загубил пациент на возраст од 60 години. Во последната недела за која Институтот споделува податоци, пријавени биле 93 случаи на грип, најголем број во Тетово – 38, потоа вп Гостивар – 16 и Куманово – 14,. Лабораториските наоди велат дека станува збор за грип од типот А.
Вакцинацијата против грип годинава постави рекорд во земјава. Над 57.000 граѓани се имунизирани со четиривалентна вакцина за заштита од сезонски вируси. Од Институтот за јавно здравје велат дека преку платформата „Мој термин“ во оваа бројка се опфатени категориите на најзагрозени граѓани, кои имаат приоритет бесплатно да се вакцинираат. Во оваа група спаѓаат постари лица над 65 години, хронично болните, трудниците, децата од 6 месеци до 5 години, како и медицински персонал.
Лабораториски се потвдени 3 позитивни случаи, 6 тестови се позитивни на респираторен синцицијален вирус, а кај еден примерок е детектирано присуство на аденовируис.