Иако серијата „Дамбин Гамбит“ се стекна со голема популарност во 2020 година и на големо го врати шахот на големата сцена, сепак една шахистка е незадоволна.
Филмот е во продукција на куќата „Нефтликс“, а токму против нив е поднесена и тужба од страна на познатата 80-годишна шахистка Нона Гаприндашвили поради тоа што нејзиниот лик се појавува во серијата.
За неа, во еден момент се вели „Ова е Нона Гаприндашвили, и таа е светски женски шампион и никогаш не играла против мажи“, но шахистката вели дека оваа реченица е погрешна и поттикнува деградирање на нејзините постигнувања пред милионската публика, па затоа ќе бара отштета од дури 5 милиони долари.
Гаприндашвили во 1978 година доби голема чест затоа што е прва жена која стана велемајстор.
