Македонија

Шаховски турнир во КПУ Затвор Скопје за поддршка на ресоцијализацијата

Шаховски турнир во КПУ Затвор Скопје за поддршка на ресоцијализацијата

Во КПУ Затвор Скопје на 27 март 2026 година беше организиран шаховски турнир наменет за осудените лица, со цел поттикнување на нивната ресоцијализација и развој на позитивни навики.

Од Управата за извршување на санкции информираат дека ваквите активности имаат значајна улога во процесот на личен развој, имајќи предвид дека шахот како интелектуална игра придонесува за подобрување на концентрацијата, трпеливоста и стратешкото размислување.

На настанот присуствувале директорот Бобан Утковски, заменик-директорот Баки Мустафа и раководителката на Одделението за третман, Христина Маринковска, кои ја изразиле својата поддршка за иницијативата и ја нагласиле важноста на ваквите активности во рамки на установата.

Од Управата посочуваат дека организирањето на вакви настани претставува чекор кон создавање подобри услови за напредок и полесна реинтеграција на осудените лица во општеството.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни