Движењето „Македонија блокира“ не отстапува од најавеното, и шаторите пред Собранието беа присутни и во утринските часови денеска, што донесоа отежнат сообраќај во центарот на Скопје.
Сообраќајот се одвиваше по една лента, а редици имаше речиси на сите улици низ Скопје. Тоа создаваше нервоза кај возачите.
Се вчитува...
Затоа можеби е подобро да се тргне пеш, со велосипед или да се користи јавниот превоз до саканата дестинација.
Како што најавија претходно од „Македонија блокира“, шаторите остануваат пред Собранието до Нова Година.
