Свет

Шеесет лица се приведени во врска со инцидентот на аеродромот во Дагестан

Шеесет лица се приведени во врска со инцидентот на аеродромот во Дагестан

Шеесет лица се приведени во врска со вчерашниот инцидент на аеродромот во Руската Република Дагестан , објави Ројтерс, повикувајќи се на порака на денешната новинска агенција РИА Новости.

Според РИА, утврден е идентитетот на 150 од најактивните учесници во инцидентот. При инцидентот се повредени девет полицајци, а двајца од нив се хоспитализирани.

Демонстрантите упаднаа на аеродромот во главниот град на Дагестан, Махачкала, каде што слета авион од Израел. Нивните акции наложија интервенција на безбедносните сили, кои го затворија аеродромот и ги растераа демонстрантите, забележува Ројтерс.

Во Дагестан повеќето луѓе практикуваат ислам.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни