Минитерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас, стигна во Берлин во петок доцна навечер, 20 часа подоцна од предвиденото поради тоа што авионот кој требаше да лета, имаше технички проблеми, па остана „приземјен“ во Мали.
Мас и неговата 40-члена делегација ја заврши петдневната турнеја низ Африка. Но во миговите кога требаше да си оди, проблемите со хидрауликата на авионот Ербас А319 ги остави уште еден ден во оваа земја.
Ова е уште еден инцидент со авиони на германски челници. Во текот на минатата година проблеми со авионите имаше канцеларката Ангела Меркел, а министерот за развој Герд Милер доживеа два инциденти предизвикани од технички проблеми.
Токму од тука Владата на Германија размислува за обновување на авионската флота со помош на три авиони кои треба да ги добијат од војската.