Носителот од СДСМ во петтата изборна единица, Радмила Шекеринска во изборната дебата на ТВ21 посочи дека во целиот овој период тие не сечеле ленти затоа што тоа што го направиле е за граѓаните, а не за нивната кампања.
„Во целиот овој период не сечевме ленти затоа што тоа што го правиме е за граѓаните, а не за нашата кампања. Патот Стопанство-Алдинци-Норово е 16 години проблем на граѓаните, може и подолго, 11 години некој друг бил на власт, сега се прави. Јас се сеќавам во 2016 година сум зборувала таму, дури и дел од граѓаните не веруваа дека ќе биде“, додаде Шекеринска.
.