На 21.01.2025 во 09.15 часот, на магистралниот пат А2, кај сeлото Врбјани, општина Дебрца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(39) од с.Стрелци, кичевско и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(72) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фолксваген бора“ Ф.И., како и возачот на патничкото возило „фолксваген пасат“ и неговата сопатничка В.Д. додека со телесни повреди се здобил возачот Х.И. и другите сопатници И.Л. и Л.И., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.