Шик и неодоливи: 3 модели на чизми што сите жени ги посакуваат за оваа зима

Секоја година се заљубуваме во нов модел чизми, и ако годинава планирате да инвестирате во еден пар, тогаш имаме одличен предлог за вас. Овие 3 видови чизми можат да се искористат за дневни и за ноќни комбинации и ќе ви се најдат за сите настани. И изгледаат толку добро, што ќе ви биде тешко да издвоите само еден модел!

1. Чизми со врвки

https://www.instagram.com/p/BqR-kO7g1VJ/?utm_source=ig_embed

Кај и да е, ќе почнете да ги гледате овие чизми насекаде, а причината е тоа што се официјално прогласени за најтренди чизмите за овие есен и зима.

2. Планинарски чизми

https://www.instagram.com/p/BqPlEHVFA8w/?utm_source=ig_embed

На прв поглед тие можеби не изгледаат многу впечатливо, но реалноста е дека овој модел никогаш нема да излезе од мода. Имено, тие и понатаму се најдобриот избор за студените зимски денови, и тоа само затоа што неверојатно удобни и топли, како и лесни за комбинирање со облека.

3. Набрани чизми до колена

https://www.instagram.com/p/BoHmXHziBHt/?utm_source=ig_embed

Овие чизми без сомнение се неизоставен дел од женскиот гардеробер. Совршено одат на скоро сите есенски и зимски комбинации, а доколку сакате да бидете малку понеобични, оваа година можете да ги најдете во голем број бои и со најразлични дезени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното